Top Sport

Куман го крена гласот против густиот распоред

Роналд Куман го крена својот глас против распоредот кој има неговиот тим во 2021 година.

„Ни треба помош, ова не е нормално“, рекол Куман.

Барселона во изминатите 30 дена има одиграно 10 натпревари.

„УЕФА или шпанската лига мора да размислат за бројот на натпревари. Патувањата, распоредот, Суперкуп со четири екипи…Премногу натпревари, тоа мора под итно да застане. Ова ги убива фудбалерите, не можам да го следам тој ритам. Ќе имаме премногу повреди поради ваквиот распоред“.

Барселона утре ќе гостува кај Бетис.

Scroll to Top