Top Sport

Куман го предупреди Гравенберх: Не можеш кога сакаш да доаѓаш со Холандија

Холандскиот селектор Роналд Куман го нападна новото засилување на Ливерпул, Рајан Гравенберх, кој одби повик да настапи за У-21 репрезентацијата на Холандија, предупредувајќи го дека така си ја ризикува репрезентативната кариера.

21-годишниот Гравенберх, кој во петокот премина од Баерн Минхен за 35 милиони фунти, не дебитираше за тимот на Јирген Клоп при неделната 3:0 победа, бидејќи уште не беше регистриран во клубот, по што одби да игра со јуниорскиот тим на Холандија, порачувајќи му на селекторот Михаел Рајцингер дека сака да се фокусира на работата во новиот клуб.

Куман, кој го наследи Луис ван Гал на селекторската позиција во сениорскиот тим не беше задоволен. Гравенберх има 11 настапи за сениорската репрезентација, но последниот му беше во септември 2022 на пријателски меч против Белгија и не беше дел од тимот за СП во 2022.

„За Рајан Гравенберх, воопшто не сме задоволни од неговото однесување. Можеш да направиш голем чекор напред со јуниорскиот тим. Не сме задоволни од такви откажувања, бидејќи секогаш мораш да бидеш достапен. Затоа во федерацијата сега велиме дека Џереми Фримпонг не е достапен, поради такви одбивања. Тоа е твојата обврска како фудбалер, а можеш да бидеш казнет со неповикување“, вели Куман.

Scroll to Top