Top Sport

Куман има разбирање за неспортскиот потег на Меси

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, смета дека поразот од Атлетик Билбао во финалето на Суперкупот, не претставува чекор наназад за неговиот тим. Атлетик, синоќа, во Севилја, ја победи Барселона со 3.2. Дуелот го обележа црвениот картон што го доби Меси во 120 минута.

„Подобро да не зборувам за судиите. Само би се повторувал, а тоа не сакам да го правам. Нема да ви кажам што мислам“, рекол Куман и дополнил.

„Јасно ми е што направи Меси, го разбирам тоа. Не знам колку пати ги фаулираа во текот на натпреварот“.

Scroll to Top