Top Sport

Куман ќе остане во Барселона

Роналд Куман ќе остане тренерската позиција во Барселона, јавија медиумите од Каталонија.

По вчерашниот состанок на Куман со претседателот Џоан Лапорта, претпладнево клупските челници решиле да Холанѓанецот да биде тренер и во наредната сезона.

Куман, минатото лето ја презеде Барселона. Тимот го предводеше на 54 натпревари, забележа 34 победи, доживеа 11 порази, а девет пати неговиот тим одиграл нерешено.

58-годишниот Холанѓанец, со Барселона го освои Купот на Шпанија, во Ла Лига заврши на третото место, а во Лигата на шампионите испадна во осмина-финалето од ПСЖ.

 

Scroll to Top