Роналд Куман организирал состанок со медицинскиот тим на Барселона. Холанѓанецот бил незадоволен од нивната работа, сметал дека тимот носи голема вина за лошите резултати од почетокот на сезоната.
Куман на состанокот побарал одговори на неколку прашања, поврзани со обновување на повредите кај неколку фудбалери. Побарал од лекарите, во иднина, да бидат прецизни во прогнозите колку би траел процесот на рехабилитација.
Куман збеснал откако Педри ја обновил повредата. Според најновите извештаи, Педри подолг период нема да може да му помогне на тимот. Исто така, седум до 10 дена, Барселона ќе биде без Френки Де Јонг.
Од почетокот на сезоната, Куман, во ниту еден момент не ги имал на располагање сите фудбалери.