Барселона минатиот викенд загуби од Хетафе и по 4 одиграни кола во Ла Лига, тимот од „Ноу Камп“ собра само 7 од можните 12 бода.
Вечерва четата на Роналд Куман ја чека првиот овосезонски предизвик во Лигата на шампиони, унгарски Ференцварош гостува во Каталонија. Првата ѕвезда на Каталонците, Лео Меси не е во најдобра форма, а сезонава има постигнато само еден гол.
„Меси би можел да игра подобро, но тој е среќен, многу се труди на тренинзите и не можеме да се пожалиме од него. Реално, немаше ниту среќа. Погоди неколку стативи, имаше пех, но јас сум сигурен дека ќе биде подобар како одминува сезоната“ рече тренерот Куман пред вечерашниот меч.
Во сабота Барса ја очекува долгоочекуваното дерби против Реал Мадрид.