Роналд Куман го имаше својот прв меч како тренер на Барселона со 3:1 победа над Гимнастик де Тарагона во саботата, најавувајќи нова формација на тимот, која повеќе фокус ќе посвети на одбраната.
Усман Дембеле постигна гол во петтата минута, по што Антоан Гризман и Филип Кутињо со голови од пенал ја обезбедија победата. Барселона играше во 4-2-3-1 формација, ретко користена во тимот, а на полувреме имаш смена на стартните 11. Серхио Бускетс и Карлес Алена започнаа во средниот ред задолжени за држење на топката, а потоа беа сменети со Френки де Јонг и Рики Пуиг.
„Можеби беше малку поинакво и малку подефанзивно од последните неколку години, но целта е да се движи топката, да се заддржува поседот и да се најде простор за игра зад противничките фудбалери од средниот ред. Мислам дека тоа е возможно бидејќи имаме такви фудбалери од средниот ред. Најважно е што немаше повреди и сите играа по 45 минути со добар интензитет“, вели Куман.
Откако не успеа да замине од клубот, Меси стартуваше како капитен на тимот и единствени кои не беа присутни беа Луис Суарез и Артуро Видал, кои подолго време се шпекулира дека се веќе заминати од тимот.
HIGHLIGHTS | #BarçaNastic
Follow the entire preseason on Barça TV+
▶️ https://t.co/MCt5dMDoeX pic.twitter.com/jRCpwbnkpw— FC Barcelona (@FCBarcelona) September 12, 2020