Top Sport

Куман: Не е се во мои раце, ќе се бориме и за лигата до крај!

Барселона по синоќешните убедливи 4-0 во Куп финалето против Атлетик Билбао по 31-ви пат ја освои титулата. За Куман тоа е прв трофеј откако е на кормилото на каталонскиот клуб.

„Чувството е фантастично. Среќни сме затоа што заслуживме барем една титула оваа сезона. Верувавме и направивме ова да е среќен ден за сите Каталонци. Ја променивме екипата во текот на сезоната, а играчите дадоа се од себе. Посебно се докажаа во Купот. Бевме гладни за победа. Не е се во мои раце, договорот ми истекува за една година. На крајот на сезоната се гледа што се освоило, тоа понекогаш ми смета затоа што мислам дека малку се претерува. Погледнете ги младите играчи, тие се иднината. Оваа титула покажува дека сме на добар пат. Ќе се бориме и за лигата до последниот меч“ рече Куман по синоќешната одлична партија против Билбао во Копа дел реј.

Барселона во моментов се наоѓа на третата позиција на табелата во Ла Лига со 65 бода. Заостанува еден бод зад второпласираниот Реал Мадрид и 2 бода зад лидерот Атлетико.

Scroll to Top