Top Sport

Куман не сака да зборува за претседателските избори во Барселона

Роналд Куман ветува дека нема да дозволи изборите во Барселона да влијаат на неговата работа и се фокусира на мотивирање на своите фудбалери и покрај тоа што добро знае дека неговото работно место зависи од исходот на изборите.

Холанѓанецот пристигна во клубот во криза во август, напуштајќи ја холандската репрезентација за да помогне на клубот каде што шест години беше како играч, но сега по оставката на претседателот Жозеп Марија Бартомеу нема голема поддршка кај новите кандидати. Тони Фреича, еден од кандидатите рече дека би го оставил Куман на клупата, но главниот фаворит Виктор Фонт не ја криеше желбата да ги види Чави или Пеп Гвардиола на неговото место.

„Не сакам да зборувам индивидуално за кандидатите и ќе видиме што ќе се случи. Мојата работа не е да бидам среќен или несреќен ако некој сака промена. Јас сум тука за клубот и да победувам со клубот“, вели Куман пред мечот со Алавес овој викенд.

Scroll to Top