Роналд Куман вели дека не се кае што дозволи Луис Суарез за „бадијала“ да си замине од Барселона, и покрај тоа што Уругваецот постигна 8 гола за Атлетико Мадрид да ги одвои на првото место на табелата.
Човекот кој постигна 198 гола за Блауграна неславно замина од „Ноу Камп“, откако Куман и управата на Барса решија да го продадат за минимална сума на Атлетико Мадрид, но холандскиот тренер вели дека не се кае за одлуката.
„Не, воопшто не жалам што го пуштив Суарез да замине. Јас секогаш ги познавав неговите квалитети, но одлуката веќе беше направена од клубот и од него самиот“, вели Куман.