Фудбалскиот клуб Фенербахче по серијата на лоши резултати реши да го смени тренерот Филип Коку. На неговото место ќе дојде неговиот помошник и сонародник Ервин Куман.
Ервин Куман е постариот брат на славниот Роналд Куман. Во кариерата, како тренер ги водел РКЦ, Феенорд, Утрехт, Ајндховен, а бил и селектор на Унгарија. Од 2014 година му бил помошник на својот брат Роналд во Саутемптон и Евертон, а од оваа сезона го прифати повикот на Коку да му биде асистент во Фенербахче.
Фенербахче во моментов се наоѓа на 15.место во турското првенство со само девет освоени бода и серија од шест натпревари без победа. Во наредното коло на програмата е големото дерби Фенербахче-Галатасарај.