Тренерот на Барселона, Роналд Куман, смета дека неговиот тим заслужил повеќе од еден бод во дуелот со Еибар. Барселона, синоќа, без Лионел Меси, одигра 1:1 со Еибар. Резултатот можеше да биде поинаков доколку Брејтвајт во осмата минута го реализираше пеналот.
„Заслуживме да победиме, се направивме како што требаше. Тие само еднаш шутнаа кон нашиот гол. Ние ги имавме шансите, не искористивме пенал, а потоа направивме грешка во одбраната…Често ни се случува ова“, рекол Куман.
Барселона со 25 пооени се наоѓа на шестото место на табелата. Каталонците имаат седум бода помалку од Атлетико кој има и два натпревари помалку од тимот на Куман. Холанѓанецот по ремито со Еибар е свесен дека напад на титулата ќе биде невозможна мисија за Барселона.
„Да бидеме реални, ќе биде тешко да се освои титулата. Ништо не е невозможно, но свесни сме дека разликата е голема. Атлетико е добар тим, силен, примата малку голови“, заклучил Куман.