Top Sport

Куман удри по УЕФА: Треба да се играат помал број натпревари!

Тренерот на Барселона, Роналд Куман ја критикуваше денеска УЕФА со оценка дека се потребни реформи во фудбалот, пред се да се намали бројот на натпревари.

„Се согласувам со Гвардиола кога е во прашање бројот на натпревари кои играчите мораат да ги одиграат во текот на една сезона. Премногу е, невозможно е“ рече Куман, пренесува „ББС“.

Холандскиот стратег вели дека сите зборуваат за Суперлигата, а УЕФА не обрнува внимание на играчите.

„Единствено до што им дошло се парите. Во Премиерлигата е исто. Погледнете го распоредот. Утре играме во 22 часот, едноставно мора да ги заштитиме играчите“ вели 58-годишниот тренер.

Куман вели и дека зборувал со Лапорта во врска со Суперлигата.

„Јас не сум портпарол на клубот. Мојата работа е се подготвувам за натпреварите. Мора да видиме како ќе се одвиваат работите. Ние само го сакаме најдоброто за клубот, но ако некој треба да зборува на оваа тема, тоа е претседателот“ – заклучи тој.

Scroll to Top