Top Sport

Кун Агуеро најавува кам-бек на фудбалските терени

Тазе пензионираноот Серхио Кун Агуеро, не ја исклучил можноста повторно да се врати на фудбалските терени. Агуеро ја прекина кариерата поради срцеви проблеми. Во октомври, му се слоши во текот на натпреварот со Алавес, а во декември објави крај на кариерата.

Кун Агуеро, во пензија замина како играч на Барселона, откако претходно една деценија го носеше дресот на Манчестер сити, каде што стана клупска легенда и најдобра стрелец во историјата на „граѓаните“.

„Деновиве размислувам да му се вратам на фудбалот. Докторите ми препорачаа шест месеци да немам никакви физички активности. Тој период помина, сега размислувам дека повторно би можел да играм фудбал“, рекол 33 годишниот фудбалер.

Кун Агуеро во кариерата одиграл 685 натпревари, постигнал 385 голови.

Scroll to Top