Жил Кунде тврди дека имал „лесен избор“ да се пресели во Барселона и покрај тоа што беше пред потпис со Челси, во прв план поради тоа што Чави Ернандез е на чело на каталонскиот клуб.
Кунде беше пред потпис со Челси од Севилја, кога Барселона му даде четиригодишен договор вреден 50 милиони евра, и Французинот открива дека Чави бил клучиот човек во трансферот.
„Барса уште е клуб кој може да привлече секој фудбалер, а тренерот исто така е многу важен. Тој ми даде голема доверба и ми се допаѓа неговиот прио кон фудбалот. За мене тоа беше лесен избор, бидејќи Чави ми го даде тоа што го барав“, вели 23-годишниот Кунде.