Фудбалерите на Брегот на Слоновата коска минимално со 1-0 ја совладаа селекцијата на Јужна Африка во дерби дуелот од првото коло во групата Д на Купот на конфедерациите што се одржува во Египет.
Мечот на стадионот „Ал Салам“ во Каиро го реши напаѓачот на Астон Вила, Џонатан Коџиа со погодокот во 65 минута.
Коџиа одлично ја следеше брзата акција на соиграчите по левата страна, па го искористи протигрувањето на Макс Градел и со удар по земја го совлада противничкиот голман.
Во истата група, синоќа Мароко ја совлада Намибија со истиот резултат.
https://youtube.com/watch?v=tc0oP4KQVzQ