Top Sport

Куп титули за Тосно, Шахтјор и Славија (видео)

Тосно успеа да влезе во историјата откако го освои Рускиот куп со 2:1 победа над второлигашот Авангард Курск во Волгоград за прва титула во кратката историја и пласман во Лигата на Европа.

Тосно, тим кој своите натпревари ги игра во Санкт Петербург, е формиран во 2013 година, а оваа сезона првпат е во руската Премиер лига. Клубот со победата директно обезбедува пласман во натпреварите по групи во Лигата на Европа, но сезоната може да ја игра како второлигаш, бидејќи е во зоната на испаѓање пред последното коло овој викенд.

Во финалето на Купот на Украина пак, Шахтјор Доњецк по 12. пат ја освои титулата, откако во големото дерби го совлада Динамо Киев со 2:0.

Во Млада Болеслав пак, Славија Прага го прослави својот прв куп-трофеј по 16 години, откако го совладаа Јаблонец со 3:1. Мечот беше одбележан со прекин во второто полувреме поради нереди на публиката.

Scroll to Top