Дефанзивецот на Челси, Курт Зума открива дека поранешниот тренер на „сините“, Жозе Мурињо го нарекол „ѓубре“ по лош меч пред неколку години. Мурињо го донесе тогаш 19-годишниот Французин на „Стемфорд бриџ“ од Сент-Етјен во 2014 година, но тоа не значеше дека тој ќе биде поштеден од критики.
„Не се сеќавам кој меч беше, но губевме 3:1 на гости. Следниот ден тој ме најде на тренинг, ме однесе во неговата канцеларија и ме праша дали сум океј. Му кажав да, тој ме потпраша дали сум сигурен. Кога ми кажа дека сум сигурен, тој ми одговори: ’Бидејќи беше ѓубре овој викенд’. Така, директно. Тоа ме шокираше, но ме натера да работам повеќе на теренот“, вели Зума во интервју за францускиот „РМЦ спорт“.
Мурињо честопати е обвинуван дека не го користи потенцијалот на младите фудбалери, но Зума не се согласува.
„Тој сака да победува и ги користи сите алатки кои може. Јас имав 19 години и тој играше со мене. Добив шанса да се покажам. Не се согласувам дека тој не дава шанса на младите“, вели 25-годишниот Зума, кој сега е стандарден првотимец за Челси со 20 настапи во Премиер лигата.