Top Sport

Куртоа бил кртот во соблекувалната на Белгија?

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Белгија, Марк Вилмотс, во разговор за англиските медиуми рекол дека поради голманот Тибо Куртоа добил отказ во 2016 година.

Белгијците ја прекинаа соработката со Вилмотс, откако репрезентацијата испадна од Велс, во четврт-финалето, на Европското првенство во Франција.

Вилмотс обвинувањата за отказот ги испратил на адреса на голманот Куртоа и неговиот татко Тиери Куртоа, со што ја шокирал белгиската и англиската јавност.

Според поранешниот белгиски селектор, Куртоа, бил кртот во соблекувалната, а неговиот татко информациите им ги откривал на навинарите, па дури и на противничките тимови.

„Самиот си направив проблем кога објавив дека во тимот имавме играч кој не продаде. Тоа се сериозни работи, а информациите ги добив од неколкумина француски новинари. Тие ми кажаа што правел таткото на нашиот голман. Тоа значи дека тој не ја почитува својата таковина“, рекол Вилмотс и дополнил.

„Срамно е што правеле такво нешто. па јас морав да чекам еден час пред натпреварот за да го дознам составот на противникот, додека противникот со денови знале како ќе играме“, рекол Вилмотс.

Scroll to Top