Top Sport

Куртоа го овековечи трофејот од ЛШ со интересна тетоважа

Тибо Куртоа фантастичната сезона на голот на Реал Мадрид и освоената титула од Лигата на шампионите реши да ја овековечи со посебна тетоважа со која сака да покаже дека е вистинскиот голман број 1 на светот.

Неговите перформанси во финалето против Ливерпул беа клучни за титулата, и со нив тој ги затна устите на критичарите, за сега да добие тетоважа со неговите иницијали, бројот 1 и трофејот кој го освои на „Стад де Франс“. Секако, интересен е деталот со циглите на голот, покажувајќи ја неговата способност.

Scroll to Top