Top Sport

Куртоа ќе биде во Челси и наредната сезона

Голманот на Челси, Тибо Куртоа, истакнал дека одлуката околу својата понатамошна кариера ќе ја донесе пред почетокто на Светското првенство во Русија.

25-годишниот голман на белгиската репрезентација и Челси, изминатите месеци се поврзува со трансфер во мадридски Реал, особено по неговите изјави дека со големо задоволство би се вратил во Ла Лига.

„Важное со ’чиста глава’ да отпатувам на Светското првенство. Горд сум што играм за Челси и сакам да постугнувам успеси со овој тим. Имам уште една година од договорот и се чувствувам добро. На крајот од сезонта ќе седнеме и разговараме за понатамошната соработка. Знам дека и наредната година ќе бидам во Челси“, рекол Куртоа.

Scroll to Top