Top Sport

Куртоа ќе паузира две до три недели

Тибо Куртоа нема да може да игра фудбал две до три недели, соопшти лекарскиот тим на Реал Мадрид.

Белгискиот репрезентативец имал истегнување од втор степен, на скочниот зглоб на левата нога. Прашање е дали Куртоа ќе биде подготвен за отворањето на новата сезона во Ла Лига. Реал во првото коло ќе игра против Селта.

Голманот не отпатувал со екипата во Минхен на Ауди купот. Реал од 18 часот ќе игра против Тотенхем, а на турнирот учествуваат уште Баерн и Фенербахче.

Куртоа е петтиот играч на Реал што се повредил во подготвителниот период. Прв се повреди Брахим Дијаз, потоа Марко Асенсио ги скина лигаментите и ја заврши сезоната, Ферлан Менди ќе отсуствува еден месец, а иста е ситуацијата и со Лука Јовиќ.

Scroll to Top