Пред големото градско дерби на Мадрид, голманот на Реал, Белгиецот Тибо Куртоа тврди дека бил погрешно преведен околу новите контроверзни изјави за неговиот поранешен клуб, Атлетико.
Куртоа претходно изјави дека не му пречи отвореното непријателство кое го покажуваат навивачите на Атлетико Мадрид кон него.
„Тоа е дел од фудбалот. Во живо само еден навивач ми викаше на бензинска пумпа, но на социјалните мрежи си прават забави. Лесно е кога си анонимен. Но, тоа не ми е важно. Ако ги прави среќни, тогаш добро за нив. Ако сакаат да фрлаат работи по мојата глава, тогаш добро, тоа ќе ми биде само извор на мотивација“, изјави минатата недела Куртоа за белгискиот весник „Ниеус блад“.
Сега, тој тврди дека таа изјава била „лошо преведена“.
„Преводот од холандски беше навистина лош. За мене е важен меч со Атлетико, бидејќи пристигнав таму на 19 години. Мечот со Атлетико е посебен за сите“, вели Куртоа.
Мечот на „Ванда метрополитано“ на програмата е во сабота, 9 февруари.
Фото: ЕПА