Top Sport

Куртоа: Навивачите на Челси не ја знаат вистината

Тибо Куртоа вели дека навивачите на Челси не ја знаат вистината за неговиот трансфер во Реал Мадрид. Белгиецот, пред еден месец, за сума од 35 милиони евра, замина од Лондон.

Куртоа, официјално најдобриот голман на Светското првенство во Русија, на кое Белгија го освои третото место, тврди дека неговиот трансфер бил договорен во март оваа година.

„Навивачите на Челси ме мрзат, а не ја знаат целатат вистина. Во март решив да заминам и тогаш клубот ја прифати мојата одлука. Кога трансферот беше завршен не сакав да се појавувам во клубот за да не им пречам на соиграчите и на менаџерот. Не сакав да бидам „отров“ за тимот, го сакам Челси“, рекол Куртоа и дополнил.

„Кога доаѓав во Реал реков дека тоа е чекор напред, но не сакав да „газам“ по поранешниот тим. Луѓето тврдеа дека сум кажал, дека во Челси нема квалитет. Тоа не е вистина. Никогаш тоа не сум го помислил. Поинаку е на тренинзите, во Реал тоа оди некако побрзо и поквалитетно, но тоа не значи дека во Челси не постои квалитет“, завршил Куртоа.

Scroll to Top