Top Sport

Куртоа пак против поранешниот клуб: Во Реал нивото е многу повисоко отколку во Челси

Разделбата на Тибо Куртоа со Челси не помина најдобро, и Белгиецот уште еднаш искористи шанса да „удри“ на својот поранешен клуб, тврдејќи дека нивото на работа е далеку поквалитетно на „Бернабеу“.

Куртоа прво „штрајкуваше“ за да примора трансфер во Реал Мадрид, по што на презентацијата го бакна грбот на клубот, велејќи дека тоа не го направил за никој друг клуб, и порачувајќи му директно на својот сонародник Еден Азар да му се приклучи во Мадрид.

„На тренинзите, јасно се гледа дека нивото во Реал Мадрид е многу високо. Сега дознавам зошто Серхио Рамос е најдобриот централен бек на светот. Нивото во Реал Мадрид е многу повисоко од тоа во Челси“, изјави Куртоа.

Куртоа го бакна грбот на Реал и призна: Никогаш не сум го направил ова

Scroll to Top