Top Sport

Куртоа сака во Реал поради своите деца, а не поради парите

Агентот на белгискиот голман Тибо Куртоа, Криштоф Енроте побара од Челси да ја направат „чесната работа“ и да го пуштат да потпише со Реал Мадрид.

Белгиецот подолго време сака да се врати во Шпанија, каде што помина две сезони на заем во Атлетико Мадрид, за да биде поблиску до семејството, а Реал остануваат подготвени за договор, иако Челси не ја спушта цената од 45 милиони евра.

Поранешната девојка на 26-годишниот Куртоа, Марта Домингез е Шпанка, и тој со неа има две деца, ќеркичката Адријана (3) и синот Николас (1). Иако тој ја напушти девојката кога беше бремена со Николас во април 2017 година, со трансфер во Шпанија би бил поблиску до своите деца.

Менаџерот Маурицио Сари признава дека не е сигурен дека ќе успеат да го задржат Куртоа во тимот, а агентот Енроте вели дека е „чесно“ да има добра разделба.

„Прочитав сѐ што кажаа во Челси за Тибо, но тој јасно им порача дека е најдобрата опција да го пуштат да се пресели во Мадрид. За него тоа е важна одлука, бидејќи сака да биде блиску до семејството, а веќе има понуда. Не се работи за пари, иако тој ќе добие подобра плата со трансферот. Ова е повеќе од финансиска одлука. Сакам Челси да бидат разумни и да ја направат чесната работа, бидејќи знаат дека за 12 месеци тој станвуа слободен играч“, вели Енроте за англискиот таблоид „Сан“.

Scroll to Top