Top Sport

Куртоа: Се надевам дека навивачите на Челси нема да ми свиркаат

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа побара од навивачите на Челси да е му свиркаат при неговото враќање на „Стемфорд Бриџ“ во четврт-финалето на Лигата на шампионите.

Мадрид патуваат во западен Лондон во првиот меч од четврт-финалето во среда, обидувајќи се да се одмаздат за поразот на актуелните европски шампиони во полуфиналето во 2020/21. Лани „Стемфорд Бриџ“ беше празен поради КОВИД-19, но сега белгискиот голман ќе го пречекаат бучните навивачи на „сините“, кои беа зад него седум години додека беше прв голман на Челси.

„Се надевам дека нема да ме свиркаат, но никогаш не се знае. Се надевам на среќно враќање на ‘Бриџ’. Да, сега сме ривали и тие ќе сакаат да не елиминираат. Не очекувам аплауз, но би било убаво да нема свирежи“, вели Куртоа.

Белгиецот освои две титули од Премиерлигата со Челси, пред да побара трансфер на крајот на сезоната 2017/18, кога Реал платија 40 милиони евра за него.

„Кога ќе пристигнам на тренинг-центарот на Реал и ќе го погледнм логото понекогаш си мислам дека сонувам. Дури и во најлудите соништа, не играв за Реал. Имам премногу среќа“, вели Белгиецот.

Scroll to Top