Top Sport

Куртоа сигурен дека Азар ќе ја „сврти“ ситуацијата во Реал

Голманот на Реал Мадрид и на белгиската репрезентација, Тибо Куртоа, смета дека неговиот сонародник Еден Азар сигурно ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ и ќе покаже што навистина умее во блиска иднина.

Првите две сезони на Азар во Реал по трансферот од 100 милиони евра од Челси, беа во најмала рака разочарувачки, по низа повреди и слаба форма, зголемувајќи ги шпекулациите дека клубот ќе се обиде да го продаде ова лето. Куртоа не верува во тоа.

„Јас сум 100 отсто сигурен дека тој останува. Знам дека не сака трансфер и дека само медиумите во Мадрид пишуваат за тоа. Сака да игра, да нема проблем со повредите и да освојува титули. Во Реал Мадрид постојат критики постојано и за секого. Герет Бејл еше критикуван, но ја донесе Лигата на шампионите со два гола во Киев. Сите знаеме дека има притисок и критики од новинарите и медиумите. Но, Еден знае да се справи со тоа и ќе ја сврти ситуацијата“, вели Куртоа во интервју за белгискиот „Ле соар“.

Scroll to Top