Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа го предизвика својот соиграч Герет Бејл да даде интервју на шпански јазик и да ги замолчи тие кои сметаат дека тој не е доволно посветен на „кралевите“.
Бидејќи Велшанецот ретко зборува шпански во јавност се појавија шпекулации дека во повеќе од шест години во Мадрид тој воопшто не го научил јазикот, уште една критика за Бејл, кој и покрај тоа што освои четири титули од Лигата на шампионите со клубот никако не успеа да ги придобие навивачите.
Куртоа е еден од тие кои се шегуваа со Бејл нарекувајќи го „голфер“, но поранешниот фудбалер на Челси вели дека зборува со 30-годишниот фудбалер и на англиски и на шпански јазик.
„Најдобро се согласувам со младите фудбалери како Феде Валверде Брахим, тука е и Касемиро, како и Иско и Еден Азар. Лесно е да се согласуваш со мене, зборувам четири јазици – англиски, холандски, француски и шпански, а исто така учев и германски во школо. Со толку Бразилци во тимот почнувам да учам и португалски. Со Герет зборувам на англиски, но верувајте, тој знае да зборува шпански многу подобро отколку што мислат луѓето. Тој може да даде интервју на шпански без проблем. Зборувам со него многу за голф, бидејќи и јас го сакам тој спорт. Сите го ’фатиле’ само за голфот, за јазикот. Треба да излезеи добро да им објасни“, изјави Куртоа во интервју за „Марка“.