Рускиот репрезентативец Илја Кутепов, го навлече гневот на фановите на Египет со својата некоректна изјава поврзана со Мохамед Салах.
Русија, наредниот четврток, против Саудиска Арабија ќе го отвори Светското првенство, а на 19.јуни „зборнаја“ ќе игра против Египет. Според прогнозите, најдобриот играч на Египет Мохамед Салах, ќе биде целосно подготвен за овој натпревар.
Салах се рехабилитира од повредата на рамото, со која се здоби во финалето во Лигата на шампионите.
Руските новинари го прашале Купетов дали се плаши од Салах, бидејќи имал можност и да игра против него. Спартак Москва и Ливерпул беа противници во групата, во Лигата на шампионите. Натпреварот во Москва заврши 1-1, а во Ливерпул „црвените“ го декласираа Спартак со 7-0.
„Од она што го видов на тие натпревари не се плашам од него. Покрај тоа, неодамна видовме како може да се запре Салах, тоа ни го покажа Серхио Рамос. Признавам дека не бев несреќен кога Салах се повреди во финалето“, рекол Куптеов чија изјава ги налути сите Египќани.
Потоа се обидел да биде поблаг во своите зборови.
„Му посакувам што поскоро да се закрепне. Би бил среќен доколку играм против него на СП. Играњето против такви мајстори те прават подобар фудбалер“, завршил Куптеов.