Скапото засилување на Барселона, Фелипе Кутињо, изјавил дека не планира да се врати во Премиер лигата и дека е фокусиран на своите обврски во Каталонија.
Бразилецот, во јануари минатата година, од Ливерпул се пресели на „Ноу Камп“. Трансферот со клаузулите што стојат во договорот е вреден 160 милиони евра. Кутињо, во првата година, не ги повтори игрите од Ливерпул, поради што се шпекулира дека Барселона ќе го продаде во летниот преоден рок.
„Ова е мојата втора сезона во Барселона. Сакам да освојам уште многу трофеи. Сакав да играм во Шпанија и играм за најдобриот клуб во светот. Фокусиран сум на Барселона, враќањето во Англија не е во моите планови“, рекол Кутињо.
Бразилецот оваа сезона има одиграно 44 натпревари, на кои постигнал 10 гола.