Top Sport

Кутињо гори од желба да се докаже во Барса

Филипе Кутињо е подготвен да има успешна сезона со Барселона откако се врати во Каталонија по тројниот триумф со Баерн Минхен минатата сезона. Бразилецот пристигна на „Ноу Камп“ во јануари 2018 за фантастични 120 милиони евра, но не успеа да ја оправда инвестицијата и минатата сезона ја помина на позајмица во Баварија.

За Баерн тој одигра 38 меча во сите натпреварувања, иако честопати беше на клупата, постигна 11 гола, вклучувајќи два гола при 8:2 победата над Барселона во четврт-финалето на ЛШ. Сега, под Роналд Куман, тој стартуваше во првите три меча од Ла лига и е подготвен да се посвети на клубот.

„Во моментов е навистина добро. Последните сезони остварив многу работи на личен и на професионален план и тоа е најважно. Се вратив во Шпанија со многу желба да ги поставам работите на вистинско место и да ја искористам мојата шанса. Во Баерн научив многу за работната етика и тренинзите и затоа сум физички посилен. Исто така имам и ментално подобрување и се гладен сум за остварување на големи работи“, вели Кутињо во изјава за бразилските медиуми.

Scroll to Top