Top Sport

Кутињо на операција на скочниот зглоб, ќе паузира две недели

Баерн Минхен потврдија дека Филипе Кутињо ќе биде во аут најмалку две недели откако се решил да оди на операција на скочниот зглоб. Бразилецот бил на операција за отстранување на фрагменти од десниот скочен зглоб и имал успешна операција.

Кутињо, кој е позајмен оваа сезона од Барселона, постигна 9 гола и имаше 8 асистенции во 32 настапи и ќе се врати на тренинзи за 14 дена. 27-годишниот Бразилец нема да пропушти ниту еден меч, бидејќи Бундеслигата ќе продолжи во мај.

Иднината на Кутињо по оваа сезона е неизвесна, бидејќи не се очекува Баерн да ја искористи опцијата да го купо за 80 милиони евра, а неодамна се појавија шпекулации дека тој ќе биде продаден на Челси, кои се заинтересирани да го вратат поранешниот фудбалер на Ливерпул во Премиер лигата.

Scroll to Top