Top Sport

Кутињо одбил да влезе во игра против Селта

Најскапиот играч во историјата на Барселона, Филипе Кутињо, си ја запечати судбината во трофејниот клуб. Кутињо, во зимскиот преоден рок, сигурно ќе го напушти „Ноу Камп“.

Барселона, попладнево одигра 3:3 во Виго против Селта. Барса не успеа да победи и покрај тоа што по првиот дел имаше предност од 3:0.

Каталонските медиуми, објавија, дека во финишот на првиот дел се случил инцидент на клупата на Барселона. Ансу Фати, се повреди пред крајот на полувремето, тренерот Серхи Бархуан му рекол на Кутињо да се подготвува да влезе на теренот, но тој одбил.

Според медиумите со овој гест, Кутињо само ја забрзал одлуката на клубот да го продаде во зимскиот преоден рок.

Кутињо сезонава настапил на 11 натпреари, постигнал еден гол.

Scroll to Top