Плејмејкерот на Ливерпул, Филип Кутињо инсистира дека е среќен со својот живот и покрај неговиот неуспех во текот на летото да го натера премиерлигашот да дозволи трансфер во Барселона.
25-годишниот Кутињо официјално побара трансфер во август, откако понудата на каталонскиот тим беше одбиена, но „Црвените“ решија дека тој не е на продажба, и сопствениците „Фенвеј спортс груп“ одбија уште две понуди од Барселона.
По целата „сага“, Кутињо се врати во тимот, иако го пропушти почетокот на сезоната поради повреда на грбот. Тој ќе биде во бразилскиот состав на утрешната пријателска со Англија.
„Играм во една од најголемите лиги на светот. Секогаш сум среќен. Најважно во моментов е националниот тим, но искрено, многу сум среќен со мојот живот. Секој ден работам повеќе од претходниот за да станам подобар фудбалер“, изјави Кутињо.