Top Sport

Кутињо пред портите на Лацио, Барса ќе му плаќа половина плата!

Според „Ла газета дело спорт“, Филипе Кутињо е многу блиску до трансфер во Лацио, откако Барселона се согласила да плаќа половина од платата на Бразилецот.

Сепак, за да се случи овој трансфер, Лацио ќе треба прво да го продаде Хоакин Кореа, за кого претседателот Клаудио Лотито бара 40 милиони евра.

Барселона подолго време се обидува да се „ослободи“ од поранешниот фудбалер на Ливерпул, кој не ги оствари големите очекувања на „Ноу Камп“ и беше пратен на позајмица во Баерн Минхен, а исто така уште ги притиска обврската да ги намалат платите во тимот.

Кутињо пристигна во Европа од Васко де Гама, кога Интер потпиша со него во јули 2008 година, но своето име го направи во Ливерпул, каде што помина пет одлични сезони, пред да замине во Барселона за 135 милиони евра.

Scroll to Top