Бразилскиот фудбалер Фелипе Кутињо би можел кариерата да ја продолжи во лондонски Арсенал, пренесува каталонски „Спорт“.
Според информациите, Кутињо е близу до премин кај „топчиите“ по неуспешната позајмица од Барселона во Баерн Минхен.
Баварците не сакаат да го откупат неговиот договор, а засега не е познато колкава е отштетата што Барса ја бара за него. Познато е дека Каталонците сакаат „да се ослободат“ од него поради високата плата.
Претходно како можна следна дестинација на Бразилецот се споменуваше Тотенхем.
Кутињо сезонава во Баерн одигра 34 меча и во сите натпреварувања постигна 9 гола.
„Трансфермаркт“ неговата моментна вредност ја проценува на 56 милиони евра.