Филипе Кутињо прифатил намалување на платата од над 70 отсто за да го комплетира трансферот од Барселона во Астон вила, тврдат британските медиуми.
Бразилецот оваа недела се согласи на постојан трансфер од Барселона во Вила, потпишувајќи четиригодишен договор со премиерлигашот каде што пристигна во јануари како позајмен фудбалер.
Според „Телеграф“, 29-годишниот Кутињо ќе заработува 125.000 фунти неделно, фантастична сума според сите мерила, но и драстично помалку од 470.000 фунти кои му ги даваше каталонскиот клуб.