Фелипе Кутињо кој сезонава Барселона им го позајми на Баерн Минхен нема намера да се врати на „Ноу Камп“ по завршувањето на сезоната.
Репрезентативецот на Бразил добро се снајде во Баерн има завидна минутажа, порадишто неговата желба е да остане во Минхен.
Баерн има опција по завршувањето на сезоната да го откупи неговиот договор за сума од 120 милиони евра.
„Во Минхен се чувствувам комотно. Планирам да останам тука најмалку една година. Фокусиран сум на својот престој во Минхен. Доколку се биде во ред би сакал да останам во Баерн“, рекол Кутињо.
27 годишникот сезонава има учинок од пет гола и пет асистенции на 18 одиграни натпревари.