Колумбискиот репрезентативец Хуан Квадрадо го комплетираше слободниот трансфер во Интер, потпишувајќи едногодишен со „нераѕурите“ по крајот на неговиот договор со Јувентус на 30 јуни.
35-годишниот Квадрадо помина осум години во Јувентус и неговиот трансфер во лутите ривали Интер предизвика незадоволство кај навивачите на двата клуба, посебно откако во минатото даваше неколку контроверзни изјави околу Интер.
Со Јуве, Квадрадо освои пет скудета и четири титули во Копа Италија со дури 314 настапи.
Le prime parole di Juan Cuadrado da giocatore dell'Inter 🎙️👇#ForzaInter #WelcomeJuan
— Inter (@Inter) July 19, 2023