Top Sport

Кварацхелија се договорил да продолжи со Наполи?

Француските медиуми тврдат дека ѕвездата на Наполи, Грузиецот Квича Кварацхелија се согласил да го продолжи договорот со Наполи, ставајќи крај на шпекулациите за трансфер ова лето.

22-годишниот Кварацхелија пристигна во Неапл од Динамо Батуми за само 11.5 милиони евра, и одигра неверојатна улога во фантастичната сезона на Наполи со 14 гола и 16 асистенции во 30 меча во сите натпреварувања оваа сезона.

Според „Футмеркато“, тој се согласил да го продолжи договорот за дополнителна година, со што останува на „Диего Армандо Марадона“ до 2028 година со значително зголемена плата.

Scroll to Top