Top Sport

Кварезма на бел коњ се врати во Португалија, во Гимараеш

Португалскиот фудбалски клуб Виторија Гимараеш доби засилување, добро познато фудбалско име – Рикардо Кварезма

Легендарниот португалски фудбалер потпиша тригодишен договор, што значи дека до 39 години ќе настапува во домашното првенство.

Освен за Спортинг Лисабон и Порто, Кварезма во богатата кариера играше и за Барселона, Интер, Челси, Бешикташ и Ал Ахли.

Посебно впечатлива е најавата за новиот транфер на Португалецот кој на рекламата е претставен како во новиот клуб доаѓа качен на бел коњ.

Scroll to Top