Top Sport

„Л’Екип“ во „војна“ со ПСЖ – дали „светците“ мораат да ги продадат Нејмар или Мбапе?

Францускиот спортски весник „Л’Екип“ продолжува со „војната“ против Пари Сен-Жермен, откако повторно тврди дека клубот ќе мора „итно“ да продава играчи и дека постои дилема дали ќе си замине Нејмар или Килијан Мбапе.

Според весникот, доколку УЕФА реши да го казни ПСЖ, сопствениците ќе мора да внесат во клубот 170 милиони евра до летниот преоден рок за да ги почитуваат правилата од финанискиот фер-плеј, што значи дека една од големите ѕвезди ќе мора да замине. За Нејмар и за Мбапе нема да биде тешко да се најде купувач, тоа е сигурно.

Претходно, Пари Сен-Жермен одби да им дозволи влез на новинарите на „Л’Екип“ на прес-конференциите на клубот, исто како на претходната прес-конференција пред мечот со Црвена звезда во Лигата на шампионите, меч за кој весникот тврдеше дека е „сомнителен“ поради наводниот облог од 5 милиони евра на еден од првите луѓе на српскиот клуб.

Scroll to Top