Top Sport

Ла Лига бара казна за Герет Бејл

Челниците на Ла Лига од Фудбалската федерација на Шпанија побарале казна за напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл, поради неговите „провокативни гестикулации“ на дербито со Атлетико.

Реал победи кај градскиот ривал 3:1, а спорен е начинот на кој што Бејл го прослави голот што го постигна во 74 минута.

На провокациите од трибините Бејл непристојно гестикулираше со рацете, поради што челниците на Ла Лига побарале да биде покрената дисциплинска постапка.

Инаку, Бејл ги губи позициите што ги има во клубот, доказ за тоа е анкетата на „АС“ во која 54 отсто од читателите гласале дека тој не траба да е во стартниот состав.

Бејл против Атлетико влезе во игра во 57 минута, во 74 минута го постигна својот 12 гол во сезоната, а по завршувањето на натпреварот не им се приклучил на соиграчите во прославата на победата, туку веднаш заминал во соблекувалната.

https://twitter.com/rfromhome/status/1094576996309495808

Scroll to Top