Ла Лига на чело со претседателот Хавиер Тебас има намера да во претстојниот преоден рок да им ги ограничи трансферите. Шпанските медиуми шпекулираат дека Ла Лига има поддршка од државата која ќе мора финансиски да им помогне на клубовите. Целата оваа ситуација е поради кризата што ја предизвика пандемијата на коронавирусот.
Предлогот на Ла Лига е клубовите во преодниот рок да можат да потрошат само една четвртина од предвидените средства.
На пример доколку Барселона сака да го купи Лаутаро Мартинез, чија цена е 110 милиони евра, ќе мора најпрвин да продаде играчи во износ од 400 милиони евра. Од оваа перспектива тоа е практично невозможно.
Шпанците тврдат дека овој предлог го фаворизира Реал Мадрид чии наводно голем навивач бил првиот човек на Ла Лига, Тебас. Нема најави дека Рела ќе се засилува во летниот преоден рок, клубот досега покажа интерес само за Каи Хаверц.
Доколку предлогот биде усвоен клубовите ќе можат да го оспорат пред надлежниот суд. Проблем е што јавноста е на страната на Ла Лига и Тебас, бидејќи финансиската криза е сериозна во сите сфери на општеството.