Top Sport

Ла лига „не забележала“ кога Роналдо заминал, но со Меси би било поинаку

Претседателот на Ла лига, Хавиер Тебас вели дека тие „едвај забележале“ дека Кристијано Роналдо заминал во Јувентус, но додава дека само Лео Меси е различен, бидејќи е најдобриот фудбалер во историјата.

Роналдо и Меси имаа бурно ривалство во двата најголеми шпански клубови пред ЦР7 да се пресели во Торино во 2018 година.

„Тоа ги иритираше навивачите на Реал Мадрид, но неговото отсуство едвај беше забележливо на лигашко ниво, бидејќи брендот на Ла лига ги надминува индивидуалните фудбалери. Само Меси е поинаков, бидејќи е најдобриот фудбалер во историјата и секогаш играл во нашата лига. Тој да заминеше, тогаш ќе бевме тажни, посебно ако отидеше во друга лига. Меси е икона на шпанскиот фудбал и би сакал да се пензионира тука“, вели Тебас во интервју за „РАЦ1“.

Scroll to Top