Top Sport

Ла лига се откажа од розевата топка по само едно коло

Шпанската Ла лига ја повлече одлуката за играње со новата розева топка на „Пума“, откако голем број на навивачи се пожалија дека не можат да ја следат играта.

Топката требаше да се користи во сите шпански мечеви во првите две лиги до крајот на февруари, но по реакцијата на навивачите, Ла лига одлучи топката да се користи само при одредени временски услови, како снег.

„Ла лига и ’Пума’ сакаат да објаснат дека новата розева топка откриена минатата недела се користеше во сите мечеви во Ла лига и Сегунда, бидејќи се работеше за презентација. Отсега таа ќе се користи за одредени временски услови, како што беше предвидено“, се вели во интересното соопштение на лигата.

При презентацијата од „Пума“ се фалеа дека се работи за топка која има слични движења како голферско топче и посебна структура со 18-панели.

Scroll to Top