Шпанската Ла лига оваа година може да има натпревари во САД, меѓутоа „Ел класико“ меѓу Реал Мадрид и Барселона сигурно останува во Шпанија.
Лигата објави ново 15-годишно партнерство со групацијата „Релевент“ за промоција на шпанскиот фудбал во Северна Америка, и иако не е јасно кој меч ќе се игра во САД, претседателот Хавиер Тебас ја отфрли можноста најголемото дерби да се игра надвор од Шпанија.
Шпанската лига подолго време се обидува да се „пробие“ на интернационалниот пазар слично како Премиер лигата надвор од Англија, а предложени се мечеви и во Кина. Шпанскиот Суперкуп беше одигран во Тангер, Мароко.