Top Sport

Ла Стампа: Марсело се договорил со Јувентус

Играчот на Реал Мадрид, Марсело, г договорил личните услови со Јувентус, објави „АС“ повикувајќи се на пишувањето на „Ла Стампа“. Овие извори тврдат дека Бразилецот ќе потпише четири годишен договор и дека годишната плата ќе му изнесува 12 милиони евра.

Медиумите со месеци шпекулираат дека Марсело имал голема желба да му се приклучи на Јувентус поради Кристијано Роналдо.

Договорот на Марселона со Реал истекува во 2022 година, но Флорентино Перез нема да му прави проблем доколку тој сака да го смени клубот.

Марсело е незадоволен од статусот што го има оваа сезона. Тој за Реал има одиграно само 13 натпревари, а местото во првиот тим му го зеде младиот Серхио Регилон.

По дебаклот што на Реал им се случи во последните седум дена (поразите од Барселона и Ајакс), се шпекулира дека по завршувањето на сезоната ќе има чистка во соблекувалната, а еден од оние што ќе заминат е и Марсело.

Scroll to Top