Top Sport

ЛА во транс, пристигна Ибрахимовиќ (Видео)

Златан Ибрахимовиќ пристигна во Лос Анџелес каде го пречекаа голем број на навивачи на ЛА Галакс, клуб во кој Швеѓанецот ќе ја продолжи кариерата.

Фановите на ЛА Галакси еуфорично го поздравија еден од најдобрите светски напаѓачи во изминататта деценија. Ибрахимовиќ потоа го одработил и првиот тренинг со новите соиграчи.

Швеѓанецот би можел да дебитира за ЛА Галакси веќе в недела во дербито, популарно наречено „Ел Трафико“.

ЛА Галакси и Ибрахимовиќ потпишаа 18-месечен договор, за годишна плата од 1,5 милиони долари, што според правилата на МЛС лигата е максимумот кој може да го доби фудбалер што не ја започнал сезоната.

Поранешниот шведски репрезентативец во карерата играл за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ и Манчетсер јунајтед.

Scroll to Top